Комична ситуација: За Левандовски немаше место во автобусот на Барса!

Барселона вчера ја пречека Валенсија на малиот стадион „Јохан Кројф“, кој има капацитет од само 6.000 седишта, но тоа не ја спречи да ги совлада „лилјаците“ со огромни 6-0. 

По натпреварот, играчите решија веднаш да заминат во својот тренинг-кампус на одмор и туширање, а во тие моменти се случи една комична ситуација. 

За дел од фудбалерите немаше доволно место во автобусот, па затоа беа приморани да почекаат друго превозно средство. Меѓу нив беше и полската ѕвезда, Роберт Левандовски, кој остана во позитивен шок од ваквиот развој на настаните. 

Полјакот постигна два гола во победата на Барселона, први во новата сезона на Примера. 

ФОТО/PHOTO: FC Barcelona/Facebook