Комична ситуација: Судија побара ВАР-проверка, а лигата не користи технологија!

Италијанскиот судија Франческо Меравиља, предизвика една чудна ситуација, додека водеше натпревар од Серија Б. 

На пресметката меѓу Асколи и Реџина, домаќинот имаше предност од 2-1 до 94. минута, а гостите дадоа гол во самиот финиш. Сепак, помошниот судија се огласи и покажа офсајд, па Меравиња го поништи голот. 

Иако во вториот ранг на италијанскиот фудбал сè уште нема ВАР технологија, судијата не беше сигурен во одлуката и побара асистенција покажувајќи дека ќе ја провери ситуацијата.

Тоа предизвика прво збунетост, а потоа и смеа кај присутните кои знаат дека видео асистенцијата не е вметната во нивната лига.