Комична сцена: Репрезентативец на Луксембург си даде ефектен автогол (ВИДЕО)

Натпревар од првенството на Шведска меѓу екипите на Дегефорс и Варберг понуди комичен автогол кој предизвика реакции. 

Течеше 11. минута кога репрезентативецот на Луксембург Сеид Кораќ си постигна ефектен гол, меѓутоа во сопствената мрежа. По една мешаница и неколку обиди, во обид да расчисти по центаршут, Кораќ со глава погоди во самиот агол на голот. 

Овој гол беше во стилот на големите европски голгетери, па штета е што беше во сопствената мрежа.