ВИДЕО: Комичен пенал за Фулам, англиските судии продолжуваат со ланските глупости!

Кога игра Лидс Јунајтед оваа сезона како пеналите да се загарантирани. Во првото коло против против Ливерпул фудбалерите на Марсело Биесла направија два пенали, а гол од најстрога казна примија и на денешното „Чемпионшип“ дерби против Фулам. 

Но, ако пеналите против Ливерпул беа „чисти како солза“, овој денешниот е доста дискутабилен. Левиот бек на лондончани, Брајан побегна по левата страна и за нијанса беше побрз од младиот германски репрезентативец Кох, кој со лизгачки старт сакаше да ја отстрани опасноста. Сепак, кога забележа дека не може прв да стигне до топката ги повлече нозете, но Брајан добро изглуми и со десната нога измами удар од противникот, кој беше доволен за Тејлор да покаже на белата точка.

  • Спорниот пенал за Фулам на „Еланд Роуд“:

Затоа што во минатата сезона добија низа критики поради употребата на ВАР-технологијата, оваа сезона англиските судии имаат дозвола да ги гледаат спорните ситуации на мониторот кој е поставен на теренот, но Тејлор не се реши за таков потег и Митровиќ ја затресе мрежата на домаќините.