Комичен гол за победа: Асистент беше – лошиот терен! (ВИДЕО)

Натпреварот од хрватското првенство меѓу Истра и Вараждин, кој заврши со победа на домашниот тим од 2-1, донесе несекојдневен момент што брзо стана хит.

Во центарот на вниманието беше Радошевиќ, кој шутираше по земја, но топката неочекувано отскокна непосредно пред голманот Зеленика и заврши во мрежата. Главен „виновник“ за ситуацијата беше нерамниот терен.

Голот предизвика бројни реакции, а дел од навивачите на шега коментираа дека погодокот го постигнал крт кој се појавил во вистинскиот момент.