• Мартин Танасковски
Екипата на Олимпик Марсеј дојде до голема победа кај Олимпик Лион (1-2) и така ги задржа шансите за второто место кое води во групната фаза од Лигата на шампионите преку Лига 1.
Славното дерби на двата Олимпика од Франција го реши комичен автогол. Се играше самиот финиш, кога во 91. минута Густо по еден центаршут на смешен начин си ја смести топката во сопствената мрежа.
- Извештај од натпреварот:
Претходно, Марсеј имаше водство со голот на Џенгис Ундер во 44. минута, а Лион дојде до израмнување кога на сцена стапи најдобриот играч Александер Лаказет во 68. минута.
Марсеј е второпласиран со 67 бода, додека Лион се наоѓа на седмото место со 50 бода и до крајот ќе игра за едно од европските места, но тоа веројатно ќе биде за Конференциската лига на УЕФА.