Коментаторот прсна од смеа: Какво лудо промашување во Австрија! (ВИДЕО)

Екипата на Хартберг со голема победа над Рапид Виена (0-2) ја отвори сезоната, арно ама еден од играчите на гостите нема по добро да го памети овој дуел затоа што го промаши невозможното.

На стартот на втроиот дел, Филип Штурм од Хартберг налета на една одбиена топка и го мина голманот. Голот беше празен, арно ама тој не успеа да ја стресе мрежата.

  • Неверојатното промашување на Филип Штурм:

На промашувањето не можеше да се воздржи ниту коментаторот на „Спорт Клуб“, кој прсна од смеа поради потегот на фудбалерот.