Комедија во Мадрид: Денис двапати се сопна и му даде два гола на Реал (ВИДЕО)

Екипата на Клуб Бриж игра фантастично прво полувреме во Мадрид и има предност од 0-2 против големиот Реал Мадрид, што му прави додатни проблеми на стратегот Зинедин Зидан чија клупа се тресе.

„Џелат“ на мадридистите е напаѓачот Денис Емануел Бонавентуре, кој даде два смешни гола. Нигериецот стрелаше во 9. и 39. минута и им приреди голем шок на фаворизираните „кралеви“. Двата гола дојдоа по грешки на домаќинот, а интересно, Денис се сопна двапати, пред да ги постигне.

  • Головите на Денис во Мадрид: