Комедија во Бразил: Голманот сакаше да биде Игита, а напаѓачот промаши празен гол (ВИДЕО)

Бразилското дерби меѓу Коринтијанс и Сао Паоло заврши со минимална победа на домаќините од 1-0, a покај победничкиот погодок на Отеро овој дуел беше одбележан и по комичната ситуација во која учествуваа фудбалери на двете екипи. 

Кон крајот на средбата, при водство на Коринтијанс, гостинскиот голман, Тиаго Волпи, направи аматерска грешка и сакајќи да го имитира легендарниот Рене Игита истрча да дрибла, но се посрамоти. Сепак, на негова среќа противничкиот играч Гиљерме Камачо не успеа да го искористи неговиот кикс и промаши празна мрежа. 

  • Комичната ситуација од дуелот меѓу Коринтијанс и Сао Паоло: