• Горан Упале
Фудбалерите на Челзи со победа ја започнаа сезоната во Конференциската лига, во која се меѓу главните фаворити за титулата. „Сините“ и со комбиниран состав немаа проблеми против белгиски Гент и пред својата публика славеа со сигурни 4-2 (1-0).
- Челзи - Гент 4-2:
Без неколку стандардни првотимци, четата на Енцо Мареска резултатот во Лондон го отвори во дванаесеттата минута кога левиот бек Веига на додавање на Мудрик со глава погоди за 1-0. На самиот старт од вториот дел Педро Нето ја зголеми домашната предност, а откако Ватанеб намали на 2-1, во 63. минута Нкунку го врати сигурното водството на „сините“. Седум минути подоцна Дусбери-Хол стрелаше за 4-1, а конечниот резултат го постави Ганделбам во 90. минута.
Екипата на Фиорентина потешко од очекуваното забележа победа над ТНС, откако пред својата публика славеше со 2-0. Италијанскиот претставник во третото по ранг натпреварување на УЕФА, до првите три бода дојде со голови во второто полувреме. Отпорот на велшкиот тим го скрши Адил во 65. минута, додека точка на победата стави Моизе Кин со својот трет овосезонски гол во дресот на виолетовите.
- Борац Бања Лука - Панатинаикос 1-1:
Македонските фудбалери Бобан Николов и Дамјан Шишковски со својот Борац Бања Лука го освоија првиот бод на меѓународно тло и на свој терен одиграа без победник против фаворитот од Грција, Панатинаикос. Резултатот во Бања Лука гласеше 1-1. Шишковски втор натпревар во низа беше стартер, додека Николов ги одигра последните 25 минути.
На останатите натпревари Шамрок со играч помалку се избори за бод против АПОЕЛ (1-1), Лугано беше сигурен против ХЈК Хелсинки (2-0), а ЛАСК Линц и Ѓургарден постигнаа по два гола и си поделија по бод (2-2).