ВИДЕО: Комбинацијата Хамза - Елези ги стресе Швеѓаните во Битола!

Младата македонска фудбалска репрезентација одлично го започна натпреварот против Шведска во рамките на квалификациите за Европското првенство. 

Се играше дванаесеттата минута кога Дашмир Елези доби одлична топка од Меметриза Хамза, по што ја „закачи“ топката и со одличен удар го матираше гостинскиот голман Бишеари. 

Нашите фудбалски надежи се среќаваат со Шведска на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.