Колумбиски арбитар дел од геј скандал: Ми ги допираше тестисите и ме тераше на секс

Оскар Руиз

Колумбискиот фудбалски судија Оскар Руиз е обвинет дека од своите колеги барал „сексуални услуги“ во замена за унапредување.

49-годишникот беше дел од Мундијалите во 2002, 2006 и 2010 година, а моментално работи како ФИФА инструктор. Тој ја искористил својата позиција за да ги злоупотреби Херолд Периља, Карлос Чавез и Жилијан Мехија кои покренаа обвинение против него.

„Сексуално се изживуваше врз мене од 2007 година до крајот на мојата кариера. Ми рече дека морам да имам секс со него, ако сакам да напредувам во кариерата како фудбалски судија. На почетокот ми зборуваше и болни работи.

Имаше неколку епизоди од нашите средби, а најсериозна беше во текот на една претсезона. Се обиде да ги допре моите тестиси и задник, јас го одбив, а тоа за него беше огромен проблем“, изјави Периља.

Обвинетиот Руиз важи за еден од најпознатите и најпочитуваните фудбалски работници на територијата на Јужна Америка. Од 2011 година тој е дел од ФИФА судискиот комитет.

„Кога излегов од тоалет, тој ми го допре пенисот и ми рече: „Ова вечерва ќе плати данок“, а јас му одговорив: „Не се грижи“ и заминав“, се исповеда Чавез.

Пред девет години, против Колумбиецот имаше обвинение од колегата Маурицио Санчез, но на крај беше прогласен за невин поради недостаток на докази.