• Редакција Gol.mk
Неполни два месеци по финалето на Копа Америка, Колумбија им се реваншира на јужноамериканските и светските прваци, Аргентинците, и ги совлада во Кали во натпревари од квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Пак Хамес Родригез беше човек на одлука и со гол и асистенција го одбележа натпреварот.
- Колумбија - Аргентина 2-1:
Колумбија славеше со 2-1 (1-0), а многу полемики предизвика ВАР-пеналот на Хамес, кој го одлучи победникот во 60. минута. Претходно, Москера ги доведе „кафетеросите“ во водство, а израмни Нико Гонзалез. Натпреварот беше нервозен и полн со грешки и грубости, а момците на Скалони ги почувствуваа неиграњето на капитенот Лионел Меси. Ова е втор пораз во јужноамериканските квалификации за Аргентина.
Боливија победи првпат на гостински терен во официјален натпревар по 31 година. „Зелените“ во Сантијаго го совладаа неубедливиот Чиле со 1-2. Кармело Алганараз го отвори резултатот за Боливијците, а по грешката и тешката повреда на голманот Лампе, Варгас израмни во финишот на првиот дел. Сепак, во судиското надополнување Терсерос го постигна голот кој донесе три бода за селекцијата на Боливија.
- Чиле - Боливија 1-2:
Важни три бода запиша и Еквадор, кој во Кито го совлада Парагвај со 1-0. Енер Валенсија, на асистенција на Алан Франко го постигна единствениот погодок во 54. минута.