• Иван Димовски

Швајцарија ја победи Колумбија по подобро изведување пенали (4-3) и обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство, каде што ќе се соочи со Аргентина. По 120 минути игра немаше голови, а еден од најинтересните моменти во пенал серијата беше поврзан со капитенот Гранит Џака.
Искусниот играч за врска беше првиот изведувач на Швајцарија, а непосредно пред ударот дел од колумбиските навивачи зад голот се обидоа да го деконцентрираат покажувајќи српско знаме. Сепак, Џака воопшто не реагираше на провокацијата. Остана смирен, успешно го реализираше пеналот и го отвори патот кон триумфот на својата репрезентација.
Швајцарскиот капитен има „историја“ со Србија, бидејќи тензиите на оваа релација започнаа одамна. Кулминацијата беше на Мундијалот во 2018 година кога голот против Србите го прослави со провокативен гест, а ситуацијата продолжи и четири години подоцна во Катар.







