ВИДЕО: Колумбија со „три од три“ патува во четвртфиналето, Куељар го реши Парагвај! 

Фудбалската репрезентација на Колумбија ја продолжи својата доминација на Копа Америка и со максимални „три од три“ патува во четвртфиналето на континенталнот собир. 

По Аргентина и Катар пред разиграните избраници на Карлос Кеироз падна и селекцијата на Парагвај, која беше совладана со сигурни 1-0. Колумбија играше без резултатски притисок, бидејќи веќе имаше обезбедено место меѓу осумте најдобри на турнирот, па затоа нивната игра не беше на нивото како од претходните два натпревари. 

  • Извештај од натпреварот: 

Офанзивата како да се чуваше за претстојната елиминациона фаза, додека дефанзивата речиси и да немаше работа, а тоа резултираше со само неколку вистински возбудувања и само еден гол.

По мирниот старт и една полушанса на Парагвај, во 31. минута беше постигнат единствениот погодок на мечот, откако по една фантастична тимска акција Аријас асистираше до Куељар, кој од непосредна близина речиси беше невозможно да промаши и донесе водство на Колумбија од 1-0, резултат со кој се замина на одмор. 

Ниту во вториот дел темпото на игра не се промени, двете селекции делуваа резервирано, а благодарение на ВАР-технологијата Параргај остана во игра на овој меч. Дијаз со прекрасен удар го совлада Фернандез, но главниот судија ја прекина играта и побара помош од ВАР-системот, па по прегледите на снимките, костатиран беше фаул на почетокот од акцијата и голот беше поништен. 

Во самиот финиш Парaгвај имаше јалова иницијатива и победата и бодовите заслужно заминаа на контото на Колумбија. Од групата Б пласман во четврфиналето обезбеди и Аргентина, а Парагвај ќе чека на исходот од најдобрите третопласирани.