Колумбија сака одмазда против светскиот и континентелниот шампион

Традиционално за Аргентинците најтешкото гостување во квалификациите е патот во Бразил, но во борбата за пласман на Мундијалот 2026 година најтежок ќе им биде патот во Колумбија. Популарните „кафетероси“ одлично ги отворија мундијалските квалификации и се најпријатно изненадување по третина од одиграните натпревари. 

Ќе биде ова реприза од неодамнешното финале на Копа Америка во кое Аргентина дури во продолженијата со голот на Лаутаро Мартинез го совлада ривалот и ја одбрани круната. Немаше да биде незаслужено и мечот да имаше поинаков исход. 

Сите квоти во MOZZART BET ONLINE за натпреварот Колумбија - Аргентина

Колумбија процвета откако на клупата дојде аргентинсиот стручња Нестор Лоренцо и ниже навистина одлични резултати, каде и да се појави. Нестор направи смена на генерациите и ретки се репрезентативците кои влегуваат во четвртата деценија на животот. Еден од нив е Хамес Родригез кој фудбалски процвета и благодарение на игрите во репрезенатцијата обезбеди трансфер во Рајо Ваљекано и враќање во елитниот европски фудбал. Покрај Хамес, прва ѕвезда на репрезентацијата е Луис Диаз од Ливерпул, а афирмирани се и некои нови имиња како Ричард Риос, Џон Ариас или Карлос Куесте.

Аргентинците на гостувањеот во Баранкиља доаѓаат без двајцата најдобри играчи во златната ера под Лионел Скалони. Лео Меси уште потполно не е опоравен од повредата, додека Анхел ди Марија се пензионираше од националниот тим. Се очекува најголем терет да падне врз грбот на Лаутаро Мартинез, Пауло Дибала, Хулијан Алварез...