Колумбија и Еквадор ја добија организацијата на следните турнири на Копа Америка

Јужноамериканската фудбалска конфедерација ги одреди следните домаќини на Копа Америка. Лудиот ритам на натпреварувања продолжува и по турнирот ова лето во Бразил, нема долго да се чека на следниот турнир. КОНМЕБОЛ одлучи пак континенталните натпреварувања да ги организира во парни години и во години во кои ќе се играат Европските првенства.

Така, Колумбија ќе биде домаќин на следниот турнир од 12 јуни до јули 2020 година во Колумбија. Кога последен пат турнирот се организираше во оваа земја, домаќинот го освои натпреварувањето со победата во финалето против Мексико со 2-1 во 2001 година.

Еквадор ќе биде домаќин на турнирот во Еквадор во 2024 година, кога ќе биде стабилизиран ритамот на секои четири години да се организира најстариот континенталниот турнир во светот.

Во 2015 година турнирот се одржа во Чиле, а во 2016 година во САД како турнир на обединета Америка во чест на еден век од натпреварувањето. На двата турнири триумфираше Чиле, воден од Сампаоли и Пици.