Колумбиецот со македонски пасош останува верен на Борац Бања Лука

Колумбиецот со македонски пасош, Себастијан Херера, го продолжи договорот со екипата на Борац од Бања Лука и ќе остане во босанскиот прволигаш до 2026 година. 

Левиот бек премина во Борац во февруари годинава, прикажа квалитетни игри и затоа управата реши да му понуди продолжување на соработката. Самиот фудбалер изјави дека е задоволен од условите и без двоумење стави потпис на договорот. 

Херера најголем дел од кариерата мина во дресот на Работнички, а потоа играше уште за Брегалница Штип и кипарската Докса. За дебармаалци одигра вкупно 108 натпревари и постигна седум гола. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.