Колумбиец ќе тресе мрежи за Арсими!

Фудбалскиот клуб Арсими продолжува со засилувањата во летниот преоден рок, откако официјално го промовираше колумбискиот напаѓач Диего Контрерас како нов член на тимот.

Контрерас кој има 22 години пристигнува од редовите на албански Партизани, а претходно настапуваше и за Јагуарес во најсилното првенство на Колумбија.

Колумбискиот офанзивец беше едно од најпријатните изненадувања во изминатата сезона, кога со своите настапи во дресот на Партизани го привлече вниманието и на клубови од странство.

Сепак, благодарение на одличната соработка и постигнатиот договор меѓу двата клуба, тој во наредната сезона ќе го носи жолто-црниот дрес на Арсими.