Колку натпревари ќе паузира Роналдо - еден, два или три?

Кристијано Роналдо го заработи 11-то исклучување во кариерата и низ солзи по неполн половина час го напушти теренот на „Местаља“. Португалецот во дуелот без топка со Муриљо е обвинет за туркање и влечење за коса.

Во зависност од тоа што го впиша судијата Брих во записникот како причина за исклучувањето и дали Роналдо е обвинет за агресија, ќе се знае колку натпревари ќе биде казнет од дисциплинската комисија на УЕФА.

Најстрогата казна е три натпревари неиграње, ако Португалецот е обвинет за агресија. Во спротивно неговата казна може да изнесува еден или два натпревари. Скоро во сите комбинации Јувентус ќе поднесе жалба, но многу мали се шансите казната комплетно да биде поништена.