Колку може Олимпик Марсеј под притисок?

Нова сезона, стара приказна во Марсеј. Кога и да се помисли дека Олимпик е подготвен за големи дострели, следи период на лоши игри и пад кој ги иритира навивачите на некогашниот шампион на Европа. Тој стандард на непредвидливост на екипата од Марсеј остана и оваа година. Олимпик имаше и светли моменти, но во последно време влета во канџите на резултатската криза, па Андре Виљаш-Боаш ќе мора да ги вади дамките во судир со Рен (сабота, 21:00 часот).

Сите квоти во МОZZART oд натпреварот Олимпик Марсеј - Рен

Овој дуел може да биде пресуден за Олимпик кога се говори за европските амбиции затоа што, моментално петтопласираниот, Рен има четири бода повеќе. Во случај да го напушти „Велодром“ со победа, домаќинот, освен теоријата, нема да има многу други адути.
Под голем притисок ќе биде екипата која има квалитетни поединци. Олимпик е во серија од четири порази. На спротивната страна, ниту Рен не блеска, но за разлика од ривалот е поконстантен. На три од последните пет дуели на гости беше 0-1 гол, што значи дека ќе гледаме доста тврд натпревар, типичен за Лига 1.

Олимпик од Марсеј има повеќе успеси во меѓусебните пресметки. Но Рен на претходните две гостувања во Марсеј успеа да дојде до реми. Го доби и последниот првенствен меч. Сето ова најавува дека Олимпик ќе биде под голем притисок, исто е и за нивните навивачи и за јавноста. 

Се работи за непредвидлив тим, а наш совет е да го избегнете конечниот исход. Реално е да видиме најмногу два гола. Можно е да биде и нерешено на полувреме.