Колку ќе треба ПСЖ да му плати на Нејмар за да го ослободи од договорот?

Нејмар

Нејмар има долгогодишен договор со Пари Сен Жермен до 2027 година. Тоа значи дека уште пет години Бразилецот ќе биде поврзан со францускиот гигант.

Тоа ќе биде случајот ако во спротивно клубот не плати високо обештетување. За да го ослободи од договорот, ПСЖ ќе мора на својот офанзивец да му исплати 130 милиони евра, кои би ги добил во наредните пет сезони, пишува „Л'Екип“. Се шпекулира дека првакот на Лига 1 сака да се ослободи од својата ѕвезда. Наводно напаѓачот одново ѝ е понуден на Барселона и тоа за скромни 50 милиони евра.

Лошите игри во изминатите неколку сезони се причина за промената која е најавена на „Паркот на принцевите“. Нејмар не ги оправда вложените средства, па затоа сега неговото име се поврзува со трансфер надвор од Париз.