Колку ќе плати Јувентус за отказот на Сари?

Поразите во финалето на Копа Италија и елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампионите го чинеа Маурицио Сари отказ во редовите на Јувентус.

По само една година на клупата на „бјанконерите“, 61-годишникот си замина од клубот со една освоена титула, онаа во Серија А. Играта на екипата беше променлива во текот на цела сезона, па оваа одлука на управата не е никакво изненадување за јавноста.

Сепак, тоа значително ќе ја испразни касата на „старата дама“. Отказот на Сари ќе го чини италијанскиот шампион нешто повеќе од 20 милиони евра.

Платата на сега екс тренерот на Јуве изнесуваше пет милиони по сезона, а договорот му истекуваше во 2022 година. Заедно со сите дополнителни даноци и трошоци, тимот од Торино ќе треба да исплати вртоглава сума на пари.

Јувентус веќе е во потрага по нов тренер, а најсериозен кандидат се гледа во Маурицио Почетино.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.