Колку чини „малиот“ Норич што го посрамоти големиот Сити?

Екипата на Норич Сити ја направи сензацијата на колото и на домашен терен во рамки на Премиер лигата, славеше над актуелниот првак Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола.

„Скај спортс“ направи споредба на двата тима и нивната вредност, а интересно, стартниот тим на „канаринците“ кој направи големо изненадување вреди само 6,45 милиони фунти, наспроти милионскиот тим на Пеп од 406 милиони фунти.

Најскапиот играч во стартниот тим на Норич вреди 1,5 милиони евра, а интересно е што главната ѕвезда Тему Пуки кој игра во нападот е донесен бесплатно, исто како и голманот Тим Крул кој бранеше одлично.

За шампионот Манчестер Сити ова беше прв пораз по 18 меча во англиската елита. Последниот неуспех „граѓаните“ го претрпеа против Њукасл, во јануари, 2019 година. Сити во следното коло е домаќин на Вотфорд, додека Норич гостува кај Барнли.