Колку би добил, а колку би изгубил Ливерпул со продажба на Диаз?

Луис Диаз не е презадоволен со актуелниот договор со Ливерпул и тоа веќе неколку пати беше изнесено во јавноста од неговите агенти. Колубиската ѕвезда сака да остане кај „црвените“, но тоа нема да зависи само од него. 

Во моментов неговиот договор трае до 2027 година, но играчот сака да добие зголемување на платата, а управата сѐ уште не се согласила на такво нешто. Се чини дека Ливерпул може да загуби многу со неговото заминување, но во исто време може и одлично да заработи на неговиот трансфер. Диаз пристигна во Англија од Порто за нешто помалку од 40 милиони евра, а сега е проценет на двојно повеќе. 

Се претпоставува дека управата на шесткратниот европски првак би се решила на трансфер не помал од 90 милиони евра, а како најсериозен кандидат за потписот на Диаз се споменува францускиот ПСЖ.