Бојан Колевски со стил тргна во САД: Капитенска лента, два гола и асистенција

Македонскиот фудбалер Бојан Колевски трета година по ред ќе биде дел од фудбалскиот тим на Кливленд Стејт Универзитетот во Соединетите Американски Држави (САД); а новата сезона ја тргна со стил.

По четири натпревари, Кливленд Стејт Униерзитетот е лидер во својата колеџ-дивизија, а Колевски е главна ѕвезда на тимот. Неговата важност ја докажува со тоа што е капитен на клубот, а се активира од третото коло.

Во рамки на третата рунда, Кливленд Стејт го победи Чикаго Стејт со 3-1, а Бојан Колевски беше стрелец на два гола. Во четвртата рунда, пак, тимот одигра 3-3 против Акрон и на овој меч Колевски имаше една асистенција.

24-годишниот Бојан Колевски е поранешен младински репрезентативец на Македонија во сите категории, а во кариерата играше уште за Чикаго (САД), Вардар, Борец и Металург.