Колев: Осогово не треба да се потцени, но верувам во победа на Кит-го

По двете средби без победник против Кожуф и Плачковица, во редовите на Кит-Го желбата за победа е огромна, а таа може да им се исполни овој викенд, кога во Пехчево ќе гостува Осогово. 

Фудбалерот од средниот ред, Иван Колев вели дека сите во тимот се максимално мотивирано конечно да запиша триумф, и покрај тоа што апсолутно никој не сака да ја потцени екипата на Осогово.

„И покрај тоа што досега нема ниту еден освоен бод во првенството не смееме да ја потцениме екипата на Осогово. Сепак, играме на домашен терен и секако сите во тимот очекуваме прва победа сезонава. Не искористивме многу шанси на претходниот дуел против Плачковица во Радовиш. Верувам дека сега ќе се подобри и реализацијата, па со максимален ангажман на терен ќе стигнеме до посакуваните три бода“, вели Колев.

Натпреварот меѓу Кит-Го и Осогово се игра во недела (15 септември) со почеток од 15:30 часот. Правдата ќе ја дели судиска тројка од Битола предводена од Владимир Ѓоргиевски, на кого ќе му помагаат сограѓаните Злате Лозаноски и Николче Дрнковски. Четвртиот судија е Дени Лековски, исто така од Битола.