Коларов: Знаев дека Навас нема да одбрани ако го погодам голот

Капитенот на Србија, Александар Коларов, со гол им донесе триумф на „орлите“ на првиот натпревар на Мундијалот против Костаирка, а по дуелот прокоментира дека вежбал слободни удари и бил сигурен дека ако го погоди голот - Кејлор Навас нема да ја фати топката.

„Селекторот доста добро го подготви овој натпревар, а ние ги следевме неговите совети. Силни сме преку прекините, јас лично вежбав слободни удари и знаев дека Навас нема да го одбрани шутот ако го погодам голот. Среќен сум што освоивме три бода. Добро е што го почнавме Светското првенство со победа. Но, ништо не е готово. Мечот со Швајцарија за нас ќе биде најтежок во оваа група“, изјави Коларов.

Натпреварот меѓу Србија и Швајцарија се игра на 22 јуни, додека во последното коло северниот сосед го чека натпревар со Бразил.