ФОТО: Коларов за голот против Костарика си „ќари“ автомобил Лада

Фудбалерите на Србија со победа стартуваа на Мундијалот во Русија, откако во Самара ја совладаа Костарика со 1-0. Херој на победата беше капитенот Александар Коларов, кој од слободен удар во 56. минута го совлада Кејлор Навас.

Коларов беше прогласен за играч на натпреварот и доби награда, автомобил Лада 4x4, кој се произведува во познатата фабрика во Самара и е наследник на популарната Лада Нива. Гувернерот на Самара, Димитриј Азаров му го додели ваучерот на Коларов.

„Се надевам дека на Коларов ќе му се допадне подарокот и уверен сум дека ќе го потсетува на победничкиот гол и настапот на Србија на Мундијалот“, изјави Азаров.

Србија ја чекаат уште две пресметки против Бразил и Швајцарија во групната фаза од Мундијалот во Русија.