• Саше Љолес
Поранешниот српски фудбалер, Александар Коларов, ја прифатил поканата од Кристијан Киву и веднаш се сели во Милано, каде ќе биде прв помошник во новиот стручен штаб на Интер.
Коларов се заблагодарил на српската федерација за можноста да го предводи младинскиот национален тим, веднаш прифаќајќи ја понудата од „нероаѕурите“, каде гледа шанса за прогрес во тренерскиот занает.
„Верувам дека младата српска репрезентација има светла иднина пред себе. Ѝ благодарам на федерацијата за укажаната доверба и за разбирањето што одлучив да заминам. Ова за мене е голема можност која не сакав да ја пропуштам“, изјави Коларов.
Интер ја започнува новата етапа без Симоне Инзаги на клупата и се фокусира на настапот на Светското клупско првенство. Италијанскиот гигант сезонава стигна до финалето во Лигата на шампионите, но беше убедливо поразен од ПСЖ со огромни 5-0.
ФОТО/PHOTO: Inter FC