• Иван Димовски
Легендата на српскиот фудбал, Александар Коларов по само еден месец замина од позицијата спортски директор во италијанската екипа Пиза.
Добро упатениот Џанлука Ди Марцио откри дека поради различни ставови со управата и тренерот, Коларов експресно ја напушти функцијата која ја презеде пред еден месец. Иако потпиша двегодишен договор, на Србинот не му се допадна именувањето на Алберто Аквилани како прв тренер на тимот.
Според италијанските најави, Коларов сакал за тренер да се доведе Андреа Пирло. Сепак, челниците на Пиза, сопственикот Џузепе Корадо и неговиот син кој е менаџер, Џовани, ќе го именуваат Аквилани. Така, авантурата на српскиот екс-дефанзивец во Тоскана завршува многу порано од планираното.
Инаку, Пиза се натпреварува во втората италијанска лига (Серија Б).
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.