Коку останува на „Филипс арената“ до 2019 година

Филип Коку на клупата на ПСВ Ајндховен

Тренерот на фудбалерите на ПСВ Ајндховен, Филип Коку, донесе одлука да го продолжи договорот со клубот до 2019 година.

Претходниот договор на тренерот со првакот на Холандија истекуваше следното лето и веќе се појавија гласини дека тој може да си замине од „Филипс арената". Тренерот сепак категорично покажа дека му е верен на тимот и дека ќе ја продолжи работата.

„Тимот има нов предизвик пред себе. Има уште многу да се види од оваа екипа во иднина. Затоа решив да ја продолжам работата што ја за почнав тука. Ќе обрнеме повеќе внимание на младите фудбалери, но ќе доведеме и некои искусни фудбалери. Ќе дејствуваме според можностите ", објави Коку.

ПСВ Ајндховен ќе се сретне со Атлетико Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите во февруари следната година.