Коку не е повеќе менаџер на Дерби, Вејн Руни привремено решение

Еден од клубовите со најдолга историја на Островот, Дерби Каунти во иднина ќе биде предводен од нов менаџер, затоа што од денес Филип Коку нема повеќе да го води тимот.

Оваа информација ја потврди и самиот клуб, соопштувајќи дека до разделбата дојде спогодбено. Коку тимот на Дерби го презеде во летото 2019 година кога Френк Лампард замина во Челзи, но оваа сезона тимот бележи лоши резултати е на дното на табелата во Чемпионшип со само шест бода.

Иако засега нема официјална информација кој ќе биде неговиот наследник, практично сите британски медиуми пишуваат дека Вејн Руни ќе го преземе кормилото на тимот, бидејќи досега покрај тоа што е играч, беше и дел од стручниот штаб на Коку. 

Додека не се назначи новиот менаџер, токму Руни заедно со останатите помошници ќе го водат тимот во следните натпревари во Чемпионшип.