Кокаинот и алкохолот го уништија: Од тинејџер талент, на 21 година во пензија

Били Кени на почетокот на деведесеттите важеше за еден од најголемите таленти во англискиот фудбал, меѓутоа неговата кариера не се движеше по посакуваниот пат поради пороците.

Младиот играч за врска го споредуваа со Пол Гаскоњ во минатото. Кариерата му беше кратка, одигра 17 натпревари за Евертон, потоа беше дел од Олдам и Бероу, па замина во пензија на само 23-годишна возраст. Додека играше за Евертон, го нарекуваа „Газа од Гудисон“ (Газа е прекарот на Гаскоњ н.з).

Поранешниот У21-репрезентативец на Англија во 1992 година беше прогласен и за најдобар играч во дербито за Мерсесајд во победата на „карамелите“ од 2-1. Љубовта за фудбалот и Евертон ја наследил од неговиот татко.

Меѓутоа, за време на кариерата пиел многу алкохол. Користел и кокаин, а една тешка повреда за време на кариерата го однела и во депресија. Сепак, решил да се промени по смртта на неговата мајка. Му ветил на неговиот татко дека еден ден пак ќе биде горд на својот син и успеал во тоа.