Кој рече дека не се игра фудбал на снег? Падна еврогол со „ножички“ во поларни услови! (ВИДЕО)

Атлетико Отава го освои трофејот во Премиер лигата на Канада, а финалето се одигра во вистински поларни услови. На стадионот во Отава паѓаше сериозна количина на снег, теренот не можеше ниту да се исчисти како што треба и цел меч имаше снежна покривка врз тревата. 

  • Еве како се правеа услови за игра во Отава:

Домашната екипа со пресврт успеа да го совлада тимот на Кавалри, а херој беше Давид Родригез. Поведоа гостите со голот на Аирд, меѓутоа тогаш на сцена стапи Родригез кој во 40. минута даде еден од најубавите голови оваа сезона, иако се играше натпревар во луди услови на снег. 

Ако мислите дека не може да се игра на снег, спротивното го докажа Родригез кој даде еврогол. Во една акција топката леташе високо во гостинскиот шеснаесетник, а тој ја дочека да падне и со атрактивни „ножички“ го истресе снегот од пречката и даде гол за 1-1. 

Давид Родригез стана апсолутен херој бидејќи го даде и голот во 107. минута за пресврт и победа на Атлетико Отава, вреден трофеј во канадската елита.