ВИДЕО: Кој прв го фрли факелот меѓу навивачите во Скадар?

Пред денешниот натпревар помеѓу Албанија и Македонија, дојде до несакани моменти во кои главни актери беа навивачките групи на двете репрезентации. Конфликтот настана помеѓу малата група македонски навивачи и навивачи од Приштина, кои денес допатуваа во Скадар. 

Според албанските медиуми, првата провокација наводно била испратена од нашите фанови, кои упатиле четнички знаци до албанските навивачи. На тоа тие возвратија со факел, кој заврши на делот од трибината со наши навивачи.