Кој очекуваше вакво нешто: Де Хеа ќе брани за второлигаш

Шпанскиот голман Давид Де Хеа и покрај сите шпекулации и понатаму е слободен агент, а „Марка“ објави сензационална вест во која никој не веруваше, а тоа е дека чуварот на мрежата ќе брани за второлигаш.

33-годишникот е близу до договор со Елденсе. Се работи за амбициозен второлигаш на кого не му цветаат рози во Сегунда, затоа што се наоѓа на 11. место. Целта на клубот до крајот на сезоната е да се игра во плеј-офот.

Во редовите на Елденсе има неколку играши кои имаат прволигашко искуство, тоа се Флориан Андоне, Хесус Клементе, Арнау Ортиз, Алекс Бернал, Мигел Мари, Алекс Мартинез, Пина... а Де Хеа би се надоврзал на нив.

Договорот кој Елденсе му го нуди на Де Хеа е до 2025 година.