ВИДЕО: Кој очекуваше ваков шут – супер-гол на најдобриот играч на Уеска!

Екипата на Уеска во незгоден момент забележа минимален пораз во Примера и ги намали шансите за опстанок во шпанската фудбалска елита.

На гостувањето кај Кадиз, момците на Рохо Мартин на несреќен начин загубија со 2-1, но овој меч го одбележа спектакуларен гол на Рафаел Мир Висенте. Во финишот од првиот дел најдобриот фудбалер на Уеска распали од голема далечина и го изненади домашниот голман, но по само една минута неговиот соиграч Силва си даде автогол и донесе победа за Кадиз.

  • Прекрасниот гол на Рафа Мир Висенте:

До крајот на Примера, Уеска ја чека голема битка за опстанок во елитата, затоа што моментално е на 18. место, последно кое води во Сегунда.