ВИДЕО: Кој најмногу се радува на доаѓањето на Куртоа во Мадрид? Одговорот е Лионел Меси

Меси и Куртоа

Новиот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, нема убави сеќавања во директните дуели со Лионел Меси.

Пред неколку сезони, тој го носеше дресот на Атлетико Мадрид и често беше надитрен од страна на првата ѕвезда на Барселона. Каталонците се задоволни од трансферот на белгискиот репрезентативен голман на „Сантијаго Бернабеу“, а тоа го потврдија со видео на социјалните мрежи, во кое ги прикажаа сите голови на Меси во дуелот со Куртоа.

Останува да видиме каков ќе биде успехот на голманот на „кралевите“ на следното „Ел Класико“.

Компилацијата од головите на Меси можете да ја погледнете подолу: