Кој ќе биде „кралот“ на Премиер лигата - ѕвездите на Сити и Ливерпул или Азар?

Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија ги објави номинации за најдобар фудбалери на сезоната во Премиер лига. Победникот од минатата сезона, Египќанецот Мохамед Салах не влезе во изборот за оваа сезона, а како и пред 12 месеци доминираат фудбалери на двете екипи кои се борат за титулата, Манчестер Сити и Ливерпул.

Вирџил Ван Дајк и Садио Мане го репрезентираат тимот од „Енфилд“, а од Манчестер Сити номинирани се Стерлинг, Агуеро и Бернардо Силва. Најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар го затвора изборот на номинирани.

За најдобар млад фудбалер по потесниот круг номинирани се: Деклан Рајс од Вест Хем, Дејвид Брукс од Борнмут, Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, Трент Александер-Арнолд од Ливерпул и Бернардо Силва и Рахим Стерлин од Манчестер Сити.

Прогласувањето е предвидено за две недели, кога треба да биде познат и најдобриот според новинарите.