ФОТО: Кој губи има право да се лути – Пеп возврати на провокациите од трибините!

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, не можеше да ги контролира емоциите за време на натпреварот во кој неговиот тим забележа нов пораз, четврти во низа во Премиер лигата.

Иако „граѓаните“ никако не треба да се отпишуваат, поразот од Ливерпул очигледно тешко му падна на шпанскиот стручњак (2-0), а тој реши пред крајот на натпреварот да им одговори на навивачите кои го провоцираа од трибините.

Во еден момент Гвардиола се сврте кон нив и со прстите го покажа бројот шест, алудирајќи на бројот на титули во Премиер лигата кои ги освои со Сити. Иако факт е дека Ливерпул има само една титула во тој период, така да се фали против екипа која има речиси двојно повеќе во витрините, не е на место.

Оваа негова реакција доаѓа по гребаниците на главата кои си ги нанесе по неверојатното реми против Феенорд во Лигата на шампионите, кога Сити од 3-0 одигра 3-3.

Состави

Арне Слот

4-2-3-1

    Пеп Гвардиола

    4-2-3-1