Кој е главен фаворит за освојување на титулата во ЛШ по осминафиналната ждрепка?

Манчестер Сити останува прв фаворит за освојување на титулата во Лигата на шампионите, по осминафиналната ждрепка во Нион.

„Граѓаните“ на Пеп Гвардиола за прва пречка во нокаут фазата ќе го имаат португалски Спортинг. Очекувањата се дека премиерлигашот рутински ќе обезбеди пласман во следната рунда.

Втор фаворит сега е Баерн Минхен, кој ќе се соочи со Салцбург. Ливерпул падна на третата позиција, а потоа следуваат Челзи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Ајакс, Реал Мадрид, Јувентус, Атлетико Мадрид...

Бранител на титулата од ланската сезона е Челзи, кој во големото финале го надигра Манчестер Сити.