Кој друг ако не тој: Меси го предводи идеалниот тим на првото коло на СП!

По комплетирањето на првото коло од Светското првенство во фудбал кое се одржува во САД, Канада и Мексико, статистичката платформа „Софаскор“ го објави идеалниот тим составен од 11-те најдобро оценети фудбалери.

Меѓу избраниците има очекувани ѕвезди, но и неколку помалку познати имиња кои блеснаа во воведните натпревари на шампионатот.

На голот се најде Возиња од Зеленортските Острови, кој со серија одлични интервенции беше еден од најзаслужните за ремито против Шпанија.

Во одбраната, место добија германскиот стопер Нико Шлотербек и Дини Боржес од Зеленортски Острови, додека бековските позиции им припаднаа на Канаѓанецот Ричи Ларија и искусниот Иранец Рамин Резајан.

Интересно е што и покрај тоа што Шпанија не постигна гол во првиот натпревар, највисоко оценет играч во средниот ред е токму Педри. Покрај него, во идеалниот состав се најдоа и јужнокорејскиот репрезентативец Ин-Бом Хванг и Швеѓанецот Јасин Ајари.

Во нападот се двајца фудбалери со идентична оценка од 9.0 - американскиот напаѓач Фоларин Балогун и Елајџа Џаст од Нов Зеланд.

Сепак, највисоката оценка ја доби аргентинската суперѕвезда Лионел Меси. Со хет-трик во првото коло, капитенот на Аргентина заработи совршена оценка 10.0 и заслужено го предводи идеалниот тим на Софаскор по воведната рунда од Светското првенство.