Кој би рекол: Џиџи Буфон израмни рекорд во сопственост на Горан Пандев

Пандев и Буфон

Екипата на Јувентус ја потврди доминацијата во италијанскиот фудбал и славеше во финалето од Купот против Милан со убедливи 4-0. Стрелци на головите беа Бенатиа (2), Калиниќ (аг.) и Даглас Коста за четврта последователна титула во натпреварувањето за „бјанконерите“.

Сите во Италија се прашуваат дали некој клуб ќе успее да стави крај на успесите на тимот од Торино, кој е многу блиску до двојната круна на две кола до крајот од Серија А.

Интересен податок излезе во јавноста, кој вели дека легендарниот Џанлуиџи Буфон со освоената титула израмни рекорд во сопственост на македонскиот голгетер, Горан Пандев. Италијанскиот чувар на мрежата стана вториот фудбалер во историјата, по нашиот репрезентативен капитен, кој четири пати по ред се радувал на Куп-трофејот. 34-годишниот напаѓач по двапати се радуваше со Наполи и Интер, а еднаш со екипата на Лацио.

По пет титули низ историјата освоиле уште и Фавали, Бенети, Конти, Салсано, Станковиќ и Толдо.