Кој би рекол: Атлетико има помлад, но и повреден почетен состав од Реал Мадрид

Годин Рамос

Овој викенд во Примера се игра мадридското дерби помеѓу Реал и Атлетико, кое внимателно ќе го следи лидерот на табелата Барселона.

„Ванда Метрополитано“ ќе биде во центарот на вниманието кога актерите на двата шпански гиганти ќе се надигруваат во потрага по нови три бода во домашниот шампионат. Диего Симеоне и неговите избраници за првпат ќе имаат блага предност во однос на прославениот градски ривал кој оваа сезона игра далеку под очекувањата.

Шпанските медиуми во пресрет на дербито направија пресметка на почетните состави на двата тима. Резултатите изненадувачки се на страна на „јорганџиите“, и во однос на младоста, и според вредноста на трансфер пазарот.

Просекот на фудбалерите на Атлетико е 25, а на „кралскиот“ клуб 27 години. Според вредноста, фудбалерите на Симеоне се проценети на 650 милиони, за разлика од Реал, чиј почетен состав има вредност од 517,5 милиони евра.

„Дерби мадрилењо“ ќе започне од 16:15 часот, а домашниот тим ќе влезе во истото со два бода предност на првенствената табела.