Кој Бешикташ е во право - вчерашниот или денешниот? Сепак имало средба со Вардар

Откако пред неколку дена македонскиот второлигаш Вардар потврди дека започнал соработка со турскиот гигант Бешикташ, од редовите на еден од најдобрите клубови во Турција, експресно пристигна демант, во кој се вели дека такво нешто не постои.

<<< ПОВРЗАНО - Бешикташ негира соработка со Вардар, веста е лажна!?

На официјалната страница на клубот вчера беше објавена вест дека Бешикташ не стапил во контакт со Вардар, за евентуална меѓусебна соработка.

„Веста која се појави за договор за соработка помеѓу нашиот клуб и македонски Вардар не е вистинита. Најљубезно ги молиме нашите навивачите да не даваат внимание на вакви вести, туку на нашите информации достапни за јавноста“, стои во краткото соопштение од турскиот шампион.

Меѓутоа, само еден ден подоцна, пристигна ново соопштение од турскиот гигант во кое се вели дека сепак нивни човек бил на гости во Скопје.

„Главниот скаут на нашиот клуб, Бајрам Билим беше во посета на Вардар. Билим разговараше и размени искуства со челните лица на македонскиот клуб, а потоа следеше и еден тренинг на првиот тим на Вардар“, објави Бешикташ.

  • Објавата на Бешикташ:

Засега, нема повеќе информации на оваа тема од најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој моментално игра во ВМФЛ-Запад.