Кој ако не тој: Митровиќ пак погоди, а Фулам победи (ВИДЕО)

Екипата на Фулам на домашен терен го сопре најголемото изненадување оваа сезона во Премиер лигата. Брајтон по четири кола не знаеше за неуспех, но потклекна во Лондон (2-1) и така го почувствува првиот неуспех.

Фулам ја забележа втората победа сезонава, по онаа над Брентфорд пред две кола. Триумфот го најави еден од најдобрите стрелци во Премиер лигата, Александар Митровиќ. Српскиот центарфор го даде петтиот овосезонски гол откако донесе предност за домаќинот во 48. минута, а потоа Данк си постигна автогол за 2-0.

  • Фулам - Брајтон 2-1: 

Поразот на Брајтон на „Кревин Котиџ“ го намали Мекалистер од пенал во 59. минута. Фулам сега е на шестата позиција во Премиер лигата со осум бода, исто колку и петтиот Лидс Јунајтед.

Брентфорд во самиот финиш избегна пораз на гостувањето кај Кристал Палас (1-1). Иако Вилфред Заха со мајсторски гол во 59. минута донесе позитива за тимот на Патрик Виеира, се играше 88. минута кога Виса изедначи на 1-1. Судиите го прегледуваа голот со ВАР поради можност за офсајд, но на крајот акцијата се покажа како чиста.

Состави

Marco Silva

4-2-3-1

    Roberto De Zerbi

    4-4-2