ВИДЕО: Де Геа реагира како аматер, Меси во четири минути ДВАПАТИ „удри“ по Јунајтед!

Екипата на Барселона има сигурна предност на домашен терен против Манчестер Јунајтед (2-0), а главен виновник за тоа е најдобриот фудбалер на каталонците, Лео Меси.

Аргентинецот даде два погодока. Првпат тој погоди во 16. минута, откако си создаде простор и биеше од дваесетина метри во небранетиот агол на Давид Де Хеа. Со погодокот против Јунајтед,

Меси го прекина постот во Лигата на шампионите кој гласеше дека тој нема постигнато гол во четвртфинале уште од 2013 година.

  • Првиот гол на Меси против Манчестер Јунајтед:

Вториот погодок, пак, дојде четири минути подоцна, а оди на душа на Давид Де Хеа. Аргентинскиот ас шутираше по земја, но топката мина низ рацете на Шпанецот, иако имаше чиста ситуација да одбрани.

  • Вториот гол на Меси против Манчестер Јунајтед:

Со двата гола против Манчестер Јунајтед, Меси дојде до 45. погодок во дресот на Барселона оваа сезона, или вкупно десетти во Лигата на шампионите.