ВИДЕО: Коита ги надмудри Кукуреља и Куртоа за ерупција меѓу фановите на АЕК!

Фудбалерите на АЕК од Атина на совршен начин го започнаа натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. 

Шпанците допатуваа во Грција како огромни фаворити, но АЕК успеа да поведе уште во 12. минута со одличниот погодок на Абубакари Коита. 

Фудбалерот од Мавританија успеа со еден потег да го мине Марк Кукуреља и биеше силно на првата статива, а Тибо Куртоа не успеа да го скроти неговиот удар. 

Реал Мадрид на Жозе Мурињо доживеа големо изненадување, и покрај огромната фаворитска улога во пресрет на мечот. 

Состави

Marko Nikolic

4-4-2

    Жозе Мурињо

    4-3-3