Кои се минималните услови за поставување на ВАР-системот во мак-фудбалот?

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најави дека напорно работи за имплементирање на ВАР-системот во Првата фудбалска лига (ПМФЛ). Многубројните спорни моменти на нашите прволигашки и второлигашки терени прдизвикаа многубројни реакции на клубовите, професионалците и гледачите.

Неминовно е воведување на помош во облик на ВАР-техногијата, но претходно ќе мора да се извршат одредени инфраструктурни зафати за воспоставување на еднакви услови на сите стадиони на кои ќе се играат натпревари за првенствени бодови. Нашата Прва лига брои дванаесет клуба, но скоро никој нема адекватни стадиони за нормален фудбалски натпревар, а со тоа и за имплементирање на ВАР-системот. Правилата налагаат дека ВАР-систем може да функционира на натпревар реализиран со најмалку шест камери за целосна покриеност на теренот. За да се обезбедат и најминималните услови за поставување на технологија на натпреварите потребен е колективен или индивидуален договор за ТВ-права на сите дванаесет клубови и на сите натпревари од ПМФЛ. Затегнување на инфраструктурните и телевизиски услови е првиот чекор, а потоа поставување на потребната опрема на сите нашите терени во Првата и Втората лига,

Дополнителен проблем е и недостаокот на судии обучени за ВАР-систем. Неколку македонски судии целосно го следеа процесот и запознати се со ингеренциите, но немаат потребно искуство како европските судии. Со оглед на многубројните замерки, нема да биде лесно да се наметне и навикне амбиентот на новиот систем. Но, повеќе од јасно е дека е неопходен и барем од сезоната 2024/25 задолжителен за нашите професионални категории.